Thursday, June 26, 2014

Општ стоматолошки преглед на болести на црн дроб

Црниот дроб (грч.hepar) е, после кожата, најголемиот орган во човечкото тело. Сместен е во абдоминалната празнина, од десната страна, веднаш под градниот кош.Тоа е мек, кафеавo црвен орган со клинест облик, покриено со цврста нееластична мембрана.Тежи околу 1500 г. Таа е богата со крв. Вкупниот износ на крв кој во една минута протекува низ црниот дроб е околу 1500 ml.

Во црниот дроб се одвиваат многу физиолошки процеси : метаболизмот на протеини, јаглехидрати и масти, создавањето на жолчка (приближно 800-1000 ml на ден), и содржи многу важни компоненти - фибриноген, протромбин, и др. кои се вклучени во процесот на коагулацијата на крвта, депонирање на витамини, железо и гликоген . Исто така врши деградација на токсични супстанции . Затоа и се нарекува "Централна лабораторија на организмот".

Црниот дроб има голем потенцијал за регенерација. 


Постојат многу болести кои го напаѓаат овој орган, од стоматолошка гледна точка, од најважни се вирусниот хепатитис и цироза на црниот дроб. 


(Слика бр.1 Лево хроничен хепатитис, средишно цироза, десно рак на хепарот)



Цироза на хепарот 




Хроничен хепатитис на хепарот


Понекогаш Хроничниот хепатитис води кон појава и на рак на црниот дроб. Во вакви случаи кај оболениот се среќава не само хепатит туку и рак. 



Користена литература од:


Користена медиа од:



Saturday, May 24, 2014

Хепар - од анатомски поглед


     Генералии 

Црниот дроб  е витален орган на дигестивниот систем присутен кај р/бетници и други животни.Има широк опсег на функции, кои вклучуваат детоксикација, синтеза на протеини и произведување на биохемикалии неопходни за процесот на дигестија на храната.

Анатомски,црниот дроб е локализиран под дијафрагмата, просечната тежина му изнесува 1500g на леш, а кај жив човек содржи и 800-900ml крв.

Должината на хепарот изнесува околу 30cm , најголемата ширина 15cm , а најголемата висина 8cm.

Разликуваме 2 страни и тоа: 1) дијафрагматична страна (facies diaphragmatica) и 2) висцерална страна (facies visceralis), и еден раб.

Вовед


Хепарот има овоидна форма со долгата оска поставена трансверзално, а со поширокиот крај насочен надесно.Долниот крај од хепарот е пресечен по должината на една рамнина наведната косо надолу, нанапред и надесно.

Според надворешната форма, на хепарот се разликуваат 2 страни и тоа и тоа: 1) дијафрагматична страна (facies diaphragmatica) и 2) висцерална страна (facies visceralis),и еден раб.

Хепарот е вториот по големина орган во човековото тело. Само кожата е поголема и потешка. Оваа жлезда изведува многу функции кои се од есенцијално значење за дигестијата, метаболизмот, имунитетот и во функцијата на магацин за нутритивни материи за целото тело. Овие функции го прават хепарот витален орган без кој ткивата на телото би изумреле многу брзо поради недостиг на енергија и нутритиенти. За среќа, црниот дроб има неверојатен капацитет за регенерација на мртви или оштетени ткива.

Црниот дроб се состои од 4 различни лобуси. – лев, десен, квадратен и опашест, од кои левиот и десниот се најголеми.


                      Дијафрагматична страна (facies diaphragmatica)



Facies diaphragmatica е конвексна страна ,воедно слободна и свртена кон предниот абдоминален ѕид и дијафрагмата.
На дијафрагматичната страна се разликуваат четири дела:

-       Горен дел (pars superior)
-       Преден дел (pars anterior)
-       Десен дел (pars dextra)
-       Заден дел (pars posterior)
-        
Заниот дел pars posterior од Facies diaphragmatica во најголем дел е ретроперитонеална и непокриена со перитонеум. Тој ретроперитонеален дел од хепарот со помош на сврзно ткиво е сраснат за дијафрагмата, а означен е како голо поле (area nuda)  или фиксиран дел ( pars affixa) .

Овој дел со помош на две надолжни бразди и тоа браздата на v.cava (sulcus v. cavae)  и пукнатина на lig. Venosum (fissura ligamenti venosi)  е поделен на три полиња и тоа десно, средно и лево.

На десното поле од ретроперитонеалната страна се гледа отпечаток што го предизвикува десната надбубрежна жлезда  ( impressio suprarenalis) . Тој отпешаток е ограничен лево со sulcus v. cavae а напред со уште еден отпечаток предизвикан од десниот бубрег ( impressio renalis) .

Средното поле се наоѓа меѓу sulcus v. cavae и fissure lig. venosi, а одговара на опашестиот резен на spigel (lobus caudatus) којшто целосно е покриен со перитонеум.

Левото поле одговара на задната страна од левиот резен (lobus sinister) од хепарот. Тоа поле е покриено со перитонеум а на него се наоѓа отпечаток предизвикан од абдоминалниот дел на езофагусот (immpresio esophagei).

Висцерална страна (facies visceralis)




Висцералната страна (facies visceralis) налегнува лево на желудникот, а десно на дуоденумот, колонот и десниот бубрег. Со помош на двете сагитални бразди и една трансверзална таа е поделена на четири лобуси.

Сагиталните бразди (десна и лева) меѓу себе се поврзани со напречна бразда или хепарна порта (porta hepatis), формирајќи творба налик на буквата Н.

Десната сагитална бразда со помош на едно мостче од хепарно ткиво е поделена на два дела, преден и заден.
Предниот дел е претставен со вдлабнатина означена како јама на жолчниот меур ( fossa vesice felleae) . Задниот дел пак, е бразда за долната шуплива вена (sulcus venae cavea) .

Левата сагитална бразда е тесна пукнатина поделена на преден и заден дел. Предниот дел е претставен со пукнатина за валчестата врска на хепарот ( fissure lig. teretis) или пак со бразда за умбиликалната вена (sulcus v.umbilicalis) .
Задниот дел е јама за венскиот канал ( fossa ductus venosi) или пукнатина за венскиот лигамент (fisura lig. venosi).

Напречна бразда претставува влезна врата или порта на хепарот ( portae hepatis) и ги поврзува и двете сагитални бразди. Преку неа во хепарот навлегуваат неговите доводни крвни саводи ( v. portae , a.hepatica propria) и нерви , а излегуваат жолчните канали (ductus hepaticus dexter et sinister).