Генералии
Црниот дроб е витален орган на дигестивниот систем
присутен кај р/бетници и други животни.Има широк опсег на функции, кои
вклучуваат детоксикација, синтеза на протеини и произведување на биохемикалии
неопходни за процесот на дигестија на храната.
Анатомски,црниот
дроб е локализиран под дијафрагмата, просечната тежина му изнесува 1500g на
леш, а кај жив човек содржи и 800-900ml крв.
Должината на
хепарот изнесува околу 30cm , најголемата ширина 15cm , а најголемата висина
8cm.
Разликуваме 2
страни и тоа: 1) дијафрагматична страна (facies diaphragmatica) и 2) висцерална страна (facies visceralis), и еден раб.
Вовед
Хепарот има
овоидна форма со долгата оска поставена трансверзално, а со поширокиот крај
насочен надесно.Долниот крај од хепарот е пресечен по должината на една рамнина
наведната косо надолу, нанапред и надесно.
Според
надворешната форма, на хепарот се разликуваат 2 страни и тоа и тоа: 1)
дијафрагматична страна
(facies diaphragmatica) и 2) висцерална страна (facies visceralis),и еден раб.
Хепарот е вториот
по големина орган во човековото тело. Само кожата е поголема и потешка. Оваа
жлезда изведува многу функции кои се од есенцијално значење за дигестијата,
метаболизмот, имунитетот и во функцијата на магацин за нутритивни материи за
целото тело. Овие функции го прават хепарот витален орган без кој ткивата на
телото би изумреле многу брзо поради недостиг на енергија и нутритиенти. За
среќа, црниот дроб има неверојатен капацитет за регенерација на мртви или
оштетени ткива.
Црниот дроб се
состои од 4 различни лобуси. – лев, десен, квадратен и опашест, од кои левиот и
десниот се најголеми.
Дијафрагматична страна (facies
diaphragmatica)
Facies diaphragmatica е конвексна страна ,воедно слободна и свртена кон предниот абдоминален ѕид
и дијафрагмата.
На
дијафрагматичната страна се разликуваат четири дела:
-
Горен дел (pars superior)
-
Преден дел (pars anterior)
-
Десен дел (pars dextra)
-
Заден дел (pars posterior)
-
Заниот дел pars posterior од Facies
diaphragmatica во најголем дел е ретроперитонеална и непокриена со
перитонеум. Тој ретроперитонеален дел од хепарот со помош на сврзно ткиво е
сраснат за дијафрагмата, а означен е како голо поле (area nuda) или фиксиран дел ( pars affixa) .
Овој дел со помош
на две надолжни бразди и тоа браздата на v.cava (sulcus v. cavae) и пукнатина на lig. Venosum (fissura
ligamenti venosi) е поделен на три полиња и тоа десно, средно и
лево.
На десното поле
од ретроперитонеалната страна се гледа отпечаток што го предизвикува десната
надбубрежна жлезда ( impressio
suprarenalis) . Тој отпешаток е ограничен лево со sulcus v. cavae а напред со уште еден отпечаток предизвикан од десниот
бубрег (
impressio renalis) .
Средното поле се
наоѓа меѓу sulcus
v. cavae и fissure
lig. venosi, а одговара на опашестиот резен на spigel (lobus caudatus) којшто целосно е покриен со перитонеум.
Левото поле
одговара на задната страна од левиот резен (lobus sinister) од хепарот. Тоа поле е покриено со перитонеум а на него се наоѓа отпечаток
предизвикан од абдоминалниот дел на езофагусот (immpresio esophagei).
Висцерална страна
(facies visceralis)
Висцералната
страна
(facies visceralis) налегнува лево на желудникот, а
десно на дуоденумот, колонот и десниот бубрег. Со помош на двете сагитални
бразди и една трансверзална таа е поделена на четири лобуси.
Сагиталните
бразди (десна и лева) меѓу себе се поврзани со напречна бразда или хепарна
порта (porta
hepatis), формирајќи творба налик на буквата Н.
Десната сагитална
бразда со помош на едно мостче од хепарно ткиво е поделена на два дела, преден
и заден.
Предниот дел е
претставен со вдлабнатина означена како јама на жолчниот меур ( fossa vesice felleae)
. Задниот дел пак, е бразда за долната шуплива вена (sulcus venae cavea) .
Левата сагитална
бразда е тесна пукнатина поделена на преден и заден дел. Предниот дел е
претставен со пукнатина за валчестата врска на хепарот ( fissure lig. teretis)
или пак со бразда за умбиликалната вена (sulcus v.umbilicalis)
.
Задниот дел е
јама за венскиот канал ( fossa
ductus venosi) или пукнатина за венскиот лигамент (fisura lig. venosi).
Напречна бразда
претставува влезна врата или порта на хепарот ( portae hepatis) и ги поврзува и двете сагитални бразди. Преку неа во хепарот навлегуваат
неговите доводни крвни саводи ( v. portae , a.hepatica propria) и нерви , а излегуваат жолчните канали (ductus hepaticus dexter et sinister).
No comments:
Post a Comment